Утрински Весник
Македонија

Дебарската градинка „Брешија“ подготвена за прием на децата

Дебарската градинка „Брешија“ подготвена за прием на децата

Дебар, 19 мај 2020 (МИА) – Градинката „Брешија“, која е единствената градинка во Дебар, е подготвена за прием на децата, кога ќе биде донесена одлука за отворање на градинките.

Според директорката Ајрије Дачи, извршена е дезинфекција на сите простории и дворното место на градинката, а според планот, скринингот за Ковид-19 за вработените ќе биде на почетокот на идниот месец.

-Во согласност со Работната единица на Центарот за јавно здравје во Дебар, скринингот ќе биде спроведен на осми и девети идниот месец. Ќе бидат опфатени сите ангажирани лица во нашата установа, 54 вработени со решение, 20 кои се ангажирани со договор и три лица преку Агенција, истакна Дачи.

Сепак, по рализираната анкета со родителите од вкупно 360 деца, колку што престојувале пред појавата на пандемијата, потврден одговор за враќање има само за 17 деца.

-Врз тоа секако најголемо влијание има фактот што дел од дечињата имаат баби, на дел мајките не се вработени а секако влијае и одлуката за ослободување од работа на еден од родителите за дете до 10 годишна возраст. Дел од нив имаат повозрасни браќа или сестри кои сега не се на редовна настава а веќе за кусо ќе почне и летниот распуст па тие, како што самите родители велат, ќе се грижат за нив. Ние сме целосно подготвени дечињата да се вратат назад, но сепак тоа е одлука на родителите, додава директорката.

Во Дебар, како прво жариште на коронавирусот, и покрај тоа што повеќе од еден месец нема новозаразени, чувството на страв од невидливиот непријател се уште постои, па граѓаните доколку немаат неопходна потреба не излегуваат од своите домови а нема и меѓусебни посети со роднини и пријатели.

Со ангажирање на актуелното раководство на градинката, во оваа установа создадени се иделани услови
за престој и воспитување на децата,поради што пред пандемијата се бараше место повеќе од родителите, свесни за условите и за тоа дека децата тука најдобро се социјализираат.вт/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор