Утрински Весник
Македонија

За Спасовден во Гевгелија се организира онлајн ликовна колонија

За Спасовден во Гевгелија се организира онлајн ликовна колонија

Гевгелија,19 мај 2020 (МИА) – Домот на културата во Гевгелија е организатор на онлајн ликовната колонија, која во пресрет на прославата на заштитникот на градот, Спасовден, се одржува со учество на 17 членови на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија.

Учесниците го прифатија предизвикот, во услови на пандемија од коронавирусот, да работат од дома на повик на Домот на културата кој им обезбеди материјал за работа, односно платна и палети од по 15 акрилни бои.

Учесниците на онлајн ликовната колонија се обврзаа да изработат по едно дело, или вкупно 17 дела кои ќе бидат претставени пред јавноста на завршната изложба која е закажана за 27 мај во фоајето на Народниот театар во Гевгелија со примена на сите мерки за заштита од ширење на Ковид-19.

Покрај ова, на една од фасадите спроти објектот на Театарот ќе биде прикажан документарен филм кој се снима за времетраење на ликовната колонија со цел да го претстави творењето на уметниците од дома. им/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Законот за правична и соодветна застапеност доби зелено светло од Владата

Андоновски од Стратешкиот дијалог со САД: Продлабочување на соработката во сајбер-безбедноста и дигиталната инфраструктура

Божиновска во Вашингтон: Средба со „Chevron“