Утрински Весник
Спорт

Реал, Баерн и Интер ќе го играат „Купот на солидарноста“

Реал, Баерн и Интер ќе го играат „Купот на солидарноста“

Милано, 19 мај 2020 (МИА) – Натпреварувањето „Куп на солидарноста – Фудбал за хероите“ ќе се одржи во 2021 година. На него ќе присуствуваат Интер, Баерн Минех и Реал Мадрид.

Веќе е познато дека дуелот Интер – Баерн ќе се одржи во Милано, Реал – Интер ќе се игра во Мадрид, додека Баерн и Реал ќе се соочат во Монако.

Термините за натпреварите ќе биде објавени подоцна кога на навивачите ќе им биде дозволен влез на трибините.

Според прес-службата на Интер, сите приходи од овој турнир ќе бидат испратени до медицинските институции како симбол на поддршка од обединета Европа. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп