Утрински Весник
Македонија

Промоција на Меѓународниот извештај на студијата за однесувањата поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст

НВО: Новиот закон за основно образование е чекор напред во заштитата од дискриминација и насилство во училиштата

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) – Светска промоција на Меѓународниот извештај на студијата за однесувањата поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст, ќе се одржи денеска, соопштија од истражувачкиот тим на студијата, што се спроведува во 48 земји.

Извештајот насловен „Здравјето и добросостојбата на адолесцентите во фокус“, што ќе биде промовиран денеска од регионалната канцеларија на СЗО за Европа, содржи исцрпни податоци за физичкото здравје, социјалните релации и менталната добросостојба на 227.441 деца на училишна возраст од 11, 13 и 15 години.

Податоците за адолесцентите од земјава се добиени на национален примерок од 4.685 ученици од три возрасти, и два наставни јазика, македонскиот и албанскиот. Со студијата, која се спроведува на секои четири години, раководи Лина Ќостарова Унковска, главен истражувач за државава, во соработка со Институтот за јавно здравје, и министерствата за образование и наука и за здравство, стои во соопштението. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија