Утрински Весник
Македонија

Од 908 тестирани во градинките, досега само еден позитивен на Ковид-19

Почна скринингот во градинките, се уште не е донесена одлука за нивно отворање

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) – Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес, потврден е само еден позитивен случај со Ковид-19 во Битола.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни.

Скринингот во градинките почна на 13 мај и со него се опфатени околу 2.000 вработени. Целта е изготвување на протоколот за работа на градинките за нивно ставање во функција. рп/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Честитка од претседателката Давкова по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам

СДСМ: Уште 4 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски

МНОГУ ТОПОЛ БРАН ВО ЕВРОПА: Што ја чека Македонија во следните 10 дена?