Утрински Весник
Спорт

Фудбалерите на Лацио не сакаат намалување на платите

Лацио го освои Суперкупот на Италија
Dik 300x250 mk

Рим, 19 мај 2020 (МИА) – Играчите на Лацио не прифаќаат намалување на платите, објави „Фудбал Италија“.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито ги контактирал играчите за да го замоли да се оди на намалување на платите за март и април. Покрај тоа, клубот сака да преземе вакви мерки во мај и јуни, доколку Серија А не продолжи.

Забележано е дека играчите не биле задоволни кога дознале за оваа идеја, и реагирале негативно на предлогот на Лотито.

Лацио е втор на табелата во Серија А со само еден бод заостанување зад лидерот Јувентус. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс