Утрински Весник
Македонија

МВР предупредува за нова измама со наводна криптовалута

МВР предупредува за нова измама со наводна криптовалута

Бидете внимателни – има нова измама со наводна криптовалута, предупредува Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика (СККДФ) при МВР. Преку социјалните мрежи или преку електронска пошта измамници им испраќаат на македонските корисници линкови до лажна веб-страница, на која која се ветува лесна заработка со купување на „новата дигитална криптовалута“ во Кина.

Со кликнување на линкот, се влегува на лажната страница: https://hiphop2610.myshopify.com/blogs/news/china-s-bank-says-it-has-completed-top-level-design-of-digital-currency?fbclid=IwAR3BZ8svkOdWa7_QkTV6Yf2AyyScQjTBuZqK8sdKB2sAe8FgG5vMWttmYKg на која се отвора наводна статија од „Форбс“, а потоа ако кликнете на кој и да било линк, ќе бидете пренасочени кон веб-страницата: https://yuan-payments.com/ која е хостирана во Украина.

Откако некој ќе се регистрира на страницата и ќе остави лични податоци, по неколку минути по телефон ќе биде повикан од непознати лица што ќе почнат да го убедуваат дека треба што е можно побрзо да се инвестира во новата кинеска крипто валута, бидејќи цената расте секој момент.

Речиси иста беше ситуацијата со наводната криптовалута OneCoin, зад која стоеше Бугарката Ружа Игнатова, кога многу граѓани од целиот свет, верувајќи дека ќе заработат многу пати повеќе од вложените суми, остана измамени и загубија илјадници и десетици илјади евра.

СККДФ утврдил дека лажната веб-страница е регистрирана од еден Русин, а предупредува не само во овој, туку и во други случаи кога ви е нешто сомнително или ви се ветува заработувачка, да не се отвораат линкови што ги добивате на социјалните мрежи и по електронска пошта.

„Текстовите и статиите на интернет страната се убедливо напишани, а со цел граѓаните да поверуваат на нивната веродостојност и постапката им е добро разработена. Почетната сума која ја бараат за инвестиција е 250 американски долари, но во понатамошната комуникација се обидуваат да изнудат и поголеми парични средства,“ предупредуваат од МВР.

Од таму апелираат граѓаните и правните субјекти да не отвараат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти, да превземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина