Утрински Весник
Македонија

Општина Бутел отпочна со интензивни градежни активности во училиштата

Општина Бутел отпочна со интензивни градежни активности во училиштата

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) – Општина Бутел отпочна со интезивни градежни активности во сите седум општински основни училишта, после одлуката на Владата за привремено затворање на  училиштата и градинките како превенција од ширење на корона вирусот.

Активностите, информираат од општината, предвидува санација на котлари, електрични ормари, осветлување, промена на прекидачи и утикач и интервенција на водоводна мрежа, термоизолација од гипс картон итн.

Градежните работи ќе се одвиваат во теков и на наредните месеци, со цел учениците  новата учебна година да ја започнат во реновирани и училишта. аа/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешаците преминувале каде што ќе стигнат, возачите не им давале предност – 175 прекршоци

Работник почина од струен удар во Кондово

Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Јасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа