Утрински Весник
Спорт

Клоп: Не е фер да се откаже сезоната, Ливерпул мора да стане шампион

Клоп: Не можам да трошам по 300 милиони секоја година како Сити и ПСЖ

Ливерпул, 19 мај 2020 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, рече дека ќе биде неправда да се откаже првенството на Англија 2019/20 без да биде прогласен шампион.

– Некои луѓе нудат да ја откажеме сезоната, но ние веќе поминавме 76 отсто од патот. Луѓето сакаат да ја искористат ситуацијата и да го поништат, но не е фер да се направи тоа. Ливерпул убедливо води на табелата. Ние мора да станеме шампиони, изјави Клоп.

По 29 кола во англиската Премиер лига, прекината поради пандемијата на коронавирус, Ливерпул е лидер со 82 бода. Најблискиот гонител на тимот од Мерсисајд, Манчестер сити – има 25 бода заостанување. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство