Утрински Весник
Македонија

Електронско пријавување за сместување во ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ во Куманово

Електронско пријавување за сместување во ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ во Куманово

Куманово, 19 мај 2020 (МИА)Во јавната установа Ученички дом „Професор Мијакловиќ“ во Куманово има 120 слободни места за сместување на ученици за учебната 2020/21 година, информираа денеска надлежните од установата. Министерството за образование и наука го распиша конкурсот на крајот од март годинава. 
Учениците можат ќе конкурираат по електронски пат, пријавата може да се најде на www.konkursi.mon.gov.mk
За потребните документи учениците можат да се информираат на веб страната на МОН, на нашата  profmijalkovic@edu.com, на телефонските броеви. Учениците можат да добијат помош од наша страна и при пополнување на електронската аликација, а останатите барања и изјави кои што треба да се поднесат при доставување на документите, изјави директорката на установата, Љубица Павловски.
Рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во II, III, IV година почнува од 24.06.2020 година и трае до 01.07.2020 година, додека рокот за на учениците кои се запишани во I-ва година почнува од 02.07.2020 година и трае до 9.07.2020 година.
-За сега остануваат овие датуми и овие услови, немаме други насоки од МОН дали поради состојбата со КОВИД 19 ќе има промени. Во контакт со МОН и ги следиме нивните насоки, во случај да има промени учениците ќе бидат навремено известени, додава Павловски.
Право на прием во јавните ученички домови имаат ученици кои се редовни ученици во средното образование во учебната 2020/2021 година,  се државјани на Република Северна Македонија, запишани се на наставен план и програми кои не се застапени во општината/регионо,т односно градот Скопје каде ученикот има постојано место на живеење, училиштето во кое ученикот е запишан да е одалечено најмалку 25 километри од постојаното место на живеење и да има организирано јавен превоз или училиштето во кое ученикот е запишан да е одалечено најмалку 10 километри од постојаното место на живеење и нема организирано јавен превоз.ам/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина