Утрински Весник
Македонија

Локализиран пожарот на градската депонија „Мелци“ во Кавадарци

Локализиран пожарот на градската депонија „Мелци“ во Кавадарци
Dik 300x250 mk

Кавадарци, 19 мај 2020 (МИА) – Локализиран е пожарот на градската депонија „Мелци” во Кавадарци, за МИА потврдуваат од Територијалната противпожарна единица.

– Веднаш по дојавата, интервениравме на лице место. Нашите пожарникари и вработени од Јавното претпријатие „Комуналец” дејствувавме со пет противпожарни возила и цистерни и друга механизација погодна за надминување на вакви состојби и терени. Најбрзо што можевме огнот го ставивме под контрола. Граѓаните да бидат мирни, нема никаква опасност по животната средина, ниту било какви последици, будно ја следиме состојбата, нагласија од Противпожарната единица.

Оттаму  додадоа дека засега не се знае вистинската причина за пожарот, дали е тој можеби подметнат или дошло до самозапалување.

– Мораме да нагласиме дека ретко доаѓа до палење на депонијата. Но и кога доаѓа до такво нешто, се трудиме да го надминеме проблемот во најкус можен рок, рекоа од Единицата. свд/аа/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово