Утрински Весник
Македонија

Полицискиот час го прекршиле 59 лица, од нив 46 се приведени

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие евидентирано е дека на ниво на целата држава 59 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 46 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

По однос на мерката за не носење лична заштита на лице, соопштија денеска од МВР, регистрирани се 28 прекршоци.

За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 96 лица им се издадени решенија за изолација, а 65 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. цр/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вечерва драма во Тетово: Спречен вооружен напад, потера по 15-годишник од Гајре

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија 

Утре облачно време со сончеви периоди