Утрински Весник
Спорт

Реал ќе му даде уште една шанса на Јовиќ, бидејќи Холанд ќе остане во Борусија до 2022 година

Јовиќ: Роден сум да постигнувам голови
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мадрид, 19 мај 2020 (МИА) – Состојбата со иднината на напаѓачот на Реал, Лука Јовиќ станува јасна. Според „Ас“, договорот дека напаѓачот на Борусија, Ерлинг Холанд, ќе остане во Германија до 2022 година помеѓу агентот на играчот Мино Рајола и претставниците на бундеслигашот, му дава предност на Јовиќ. Благодарение на ова, Србинот ќе има време да се докаже во Реал.

Јовиќ, кој сега се опоравува од сериозна повреда, сака да добие уште една шанса во Реал Мадрид, а клубот ќе му ја даде оваа можност. Се претпоставува дека Јовиќ ќе може да се врати во игра кон средината на јули.

Оваа сезона, 22-годишниот напаѓач настапи на 15 натпревари во Ла Лига, постигна два гола и една асистенција. Во просек, тој мина 26 минути на теренот. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов