Утрински Весник
Македонија

Прва онлајн конференција „Девојки во технологијата“: Десет говорнички, над 600 присутни во живо и над три илјади гледачи

Прва онлајн конференција „Девојки во технологијата“: Десет говорнички, над 600 присутни во живо и над три илјади гледачи

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – Десет говорнички – role models и успешни жени во технологијата преку своите инспиративни приказни ги потикнаа девојките да размислуваат за кариера во технологијата преку  онлајн конференцијата „Девојки во Технологија“ која се одржа минатиот четвртокот  во живо преку платформата Zoom и социјалните медиуми и достигна над 3000 гледачи. 

Десетте говорнички во текот на четири часа успеаја да го задржат вниманието на над 600 слушатели во живо и преку интеракција овозможија простор сите жени, девојки во технологија, лидери во ИТ индустријата, да разменат мислења, да дискутираат за своите животни приказни и да споделат искуство. Поставените прашања и дадените одговори ги разнишаа бариерите и стереотипите дека девојките не можат да успеат во технологија. Оваа конференција беше инклузивна, беа присутни и машки и донесе порака дека битна е меѓусебната соработка и взаемна помош. Покрај дискусијата, беа доделени и едукативни, спортски и поттикнувачки награди на 10 девојки.

Своите искуства и приказни ги презентираа Катерина Трајчевска – основач на Adeva, Гордана Мишевска основач на Edufront, Нина Николиќ – основач на Startup Macedonia и Womenpreneurs Stories, Теодора Николовска – основач на Vrootok и Galeksia, Олга Рајчич – основач на Challenger, Ангелина Блажеска – основач на FitKit, Марта Толевска – Дина Дамјановиќ – основачи на Ways2Help и Елена Костоска – основач на Твој Простор. Конференцијата ја модерираше Моника Ризовска, амбасадор на Women in Tech во Северна Македонија.

Овие приказни и искуства ќе продолжат да ги инспираат девојките кои се на прагот за избор на своја кариера, оние кои сакаат да направат напредок во технологија, но и сите останати жени и девојки преку промоција на инклузивност на работното место. ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!