Утрински Весник
Спорт

Тоти: Реал ми понуди сè, освен капитенската лента

Тоти в понеделник ќе соопшти дека заминува од Рома

Рим, 18 мај 2020 (МИА) – Франческо Тоти призна дека бил многу блиску до трансфер во Реал Мадрид, но договорот пропаднал затоа што Шпанците не сакале да му понудат повеќе пари од тоа што го заработувал Раул.

Легендата на Рома одби трансфер во Реал и заврши како лојален војник на „римската волчица“ и не го напушти клубот во текот на целата своја кариера.

– Бев 80% подготвен да се преселам во Реал Мадрид. Тоа не беше најдобриот период за Рома, иако е вистина дека раководството во тоа време ќе стореше сé што ќе побарав. Реал понуди многу пари. Тие исто така ми понудија многу, се што можев да посакам. Требаше да добијам договор од 25 милиони евра. Тие ми понудија сè, освен капитенската лента, бидејќи Раул беше таму. Тој беше играч кој мораше да заработува најмногу, изјави Тоти.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските борачи обезбедија две финалиња на Медитеранските игри

Ѓоковиќ четврти носител на УС Опен, можен е меч со Алкараз во полуфиналето

Турција и Италија најуспешни нации по вториот ден на Медитеранските игри