Утрински Весник
Македонија

Постапки за непочитување на полицискиот час во Охрид

Бесполезни се планирања и очекувања од туристичка сезона во Охрид во услови на вонредна ситуација
Dik 300x250 mk

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Охрид денеска до Основниот суд во Охрид поднесе предлози за издавање казнен налог за две лица кои непочитувајќи го полицискиот час сториле кривично дело од член 206 став 1 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, двајцата обвинети биле затекнати од страна на полициските службеници како се движат по улиците низ Охрид, додека во сила била Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Обвинителството на Судот му предложи обвинетите да ги огласи за виновни за стореното кривично дело и да им изрече парични казни во висина од 100 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно вкупно по 2.000 евра во денарска противвредност.​ дма/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!