Утрински Весник
Спорт

Јувентус ќе го продолжи договорот со Дибала до 2025 година

Дибала се поблиску до Јунајтед

Торино, 18 мај 2020 (МИА) – Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, ќе потпише нов договор со клубот, пренесува „Ла Газета дело Спорт“.

Новиот договор на 26-годишниот играч ќе важи до 2025 година. Преговорите за потпишување на договорот ќе започнат веднаш штом агентот на аргентинскиот фудбалер пристигне во Торино.

Платата на Дибала, која сега е 7,5 милиони евра годишно, ќе биде зголемена, а во договорот ќе бидат наведени и бонусите.

Оваа сезона фудбалерот во Серија А одигра 24 натпревари, постигнувајќи седум гола и остварувајќи осум асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина