Утрински Весник
Македонија

Два напада од бездомни кучиња пријавени во СВР Тетово

Два напада од бездомни кучиња пријавени во СВР Тетово

Тетово, 18 мај 2020 (МИА) – Во текот на вчерашниот ден во тетовската полиција се пријавени два напада  бездомни кучиња. Малолетник во едниот случај повеќе пати бил нападнат од едно куче, а 38-годишник го нападнале повеќе кучиња.

-На 18.05.2020 во 09.30 часот во СВР Тетово, 41-годишната Д.Л. пријавила дека во 06.40 часот на улица „Браќа Миладинови“ нејзиниот малолетен син неколку пати бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога и телото. Во 09.30 часот во СВР Тетово, Ц.А.(38) од Тетово пријавил  дека околу  07.20 часот на улица „Ѓоце Стојчески“ во Тетово бил каснат од две кучиња скитници во пределот на левата нога, соопштија од СВР Тетово.

Општина Тетово  за справување со кучињата скитници нема соодветна служба.  На неколку пати досега се распишува тендер со што ветеринарна ординација заловува кучиња, ги прочистува, стерилизира и ги враќа на улица.ас/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсен албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено

Петровска: Одбиен посредник за хеликоптерите денес е неформален советник на Мисајловски

Фалсификувани 98.500 евра во поставата на јакната – млад Македонец фатен во Бугарија