Утрински Весник
Македонија

СВР Тетово испитува физичка пресметка помеѓу полицајци и цивилно лице

СВР Тетово испитува физичка пресметка помеѓу полицајци и цивилно лице
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тетово, 18 мај 2020 (МИА) – Тетовската полиција информира дека ќе бидат преземени соодветни мерки и активности за расчистување на инцидент за кој има видео снимка на социјалните мрежи на која се гледа физичка пресметка помеѓу  полицајци и цивилно лице. Инцидентот се случил вчера околу 17 часот на градскиот плоштад во Тетово.

-Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека ќе бидат преземени сите соодветни мерки и активности за  целосно расчистување на случајот. Притоа, во координација со Јавното обвинителство за гонење  организиран криминал и корупција, за полициските службеници кои биле инволвирани во настанот е покренета дисциплинска постапка, информираат од СВР Тетово.

Од таму посочуваат дека и Одделот за внатрешна контрола при МВР ќе преземе соодветни мерки во врска со пропустите и пречекорувањата во врска со настанот.ас/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривична пријава за екс градоначалникот на општина Чашка

Во струшко запленети над 23.000 парчиња пиротехника

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче зборува дека се живее тешко а отиде на одмор во Дубаи