Утрински Весник
Македонија

Од утре до петок облачно, со повремен пороен дожд, грмежи и ветер

Повремен дожд и температура до 14 степени

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) –  Утре, во попладневните часови, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Значителна промена на времето ќе има во среда, кога ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што најавуваат од УХМР, Облачно, посвежо и ветровито со повремени врнежи од дожд ќе биде во четврток, а од петок времето ќе се стабилизира.

Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до
умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.

Времето во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. сст/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње