Утрински Весник
Македонија

Филипче: Награда од 20 проценти од основната плата за два месеца за здравствените работници

Денот на сестринството во Велес одбележан работно во борба против Ковид-19

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче на својот официјален фејсбук профил соопшти дека Владата предвидува награда од 20 проценти од основната плата за два месеца за здравствените работници.

Тука, посочува Филипче, се вклучени докторите и медицинскиот персонал на Клиниката за инфективни болести, инфективните одделенија, Инситутот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје, како и сите членови на тимовите од итна медицинска помош.

– Благодарност за најизложените здравствени работници во борбата против Ковид-19, пишува Филипче. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Комеморација за актерката Ленче Делова во Драмски театар

Донесени пресуди за случајот „Премин“, Обвинителството најави жалба

Ќура: Ископувањата околу изворот „Шум“ причина за матноста на водата во Струга