За сите љубители на чизкејк и кадаиф, овој пат споени во едно. Предобра комбинација, предобар вкус, а ептен брзо и лесно за правење. Изненадете ги своите блиски со нешто ново и интересно.
Кадаифот прелијте го со млак шербет од 900 гр шеќер и 900 мл вода(да врие 10тина минути, па да се излади до собна температура). Оставете го кадаифот да отстои најмалце еден час па префрлете го во калапот во кој ќе го правите чизкејкот. За филот изматете ја цврсто хоплата со шеќерот, па додадете ја павлаката и може да додадете сок од еден лимон. На страна ставете 10 гр желатин да набабри, па растопете го на пареа или оган. Измешајте го желатинот во филот и префрлете во калапот. Оставете 2-3 часа или најдобро преку ноќ во фрижидер да се стегне. Декорирајте со овошје и послужете со џем.
View this post on Instagram