Утрински Весник
Македонија

Одлуките за попуштање на рестриктивните мерки ќе се носат според мислењето на Комисијата, најави Спасовски 

Одлуките за попуштање на рестриктивните мерки ќе се носат според мислењето на Комисијата, најави Спасовски 

Скопје, 17 мај 2020 (МИА) – За натамошниот тек на рестриктивните мерки ќе се разговара утре на состанок на главниот кризен штаб и нивното олабавување и нормализирањето на состојбата ќе зависи од развојот на ширење на инфекцијата, а одлуките како и досега ќе се носат врз основа на мислењата на стручните луѓе односно епидемиолозите од Комисијата за заразни болести, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски.

– Најважно  е не само да ги вратиме мерките, туку и да ја одржиме состојбата на ова ниво што го имаме денеска, а тоа е стабилна здравствена состојба во која здравствениот систем ќе може да одговори на состојбите пред нас, рече Спасовски.

На прашање дали ќе има целодневно ограничено движење за празникот Рамазан Бајрам, премиерот повтори дека за сите мерки се слуша мислењето на Комисијата и дека врз основа на тоа се носат одлуките без разлика за кој ден станува збор.

– Но, со оглед на фактот дека имаме двоен празник на 24 Мај, тоа заслужува внимание да се разговара и на главниот кризен штаб и да се разговара на седница на Влада. Но, како и да е, одлуките ги носиме на база на мислењата на стручните луѓе и какви ќе бидат доставени, ќе носиме соодветни одлуки и ќе ја информираме јавноста, додаде Спасовски. хс/сп/  

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски