Утрински Весник
Македонија

Се поставуваат бетонски банкини на булеварот „Цветан Димов“ во Скопје

Се поставуваат бетонски банкини на булеварот „Цветан Димов“ во Скопје

Скопје, 17 мај 2020 (МИА) – На хаосот кај булеварот „Цветан Димов“ му доаѓа крајот. Општина Чаир и Град Скопје поставуваат бетонски банкини, соопшти Општина Чаир.

– Општина Чаир и Град Скопје продолжуваат со нивната институционална координација за имплементирање на ефикасни сообраќајни проекти за олеснување на движењето низ улиците на Чаир, се наведува во соопштението.

Општинските власти на Чаир информираат дека е започнат процесот на поставување на бетонски банкини низ најфреквентниот булевар во градот „Цветан Димов“ со цел да се стави крај на хаосот кој се создаваше. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Царинска управа: ЕК нотира добро ниво на подготвеност во спроведување на реформите во Поглавјето 29 – Царинска унија

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за ширењето паника за Алта банка од страна на СДС и Филипче

СДСМ: Aлта банка и предвремени избори – ЗНАМ и Максо преку правосудниот испит му прават алиби на Мицкоски