Штип, 16 мај 2020 (МИА) – На сметките на 855 спортисти вчера легнаа парите од Агенцијата за млади и спорт, како државна помош. Директорот на Агенцијата Дарко Каевски денеска во Штип рече дека веќе во вторник е закажан и Советот на Агенцијата за да почне реализацијата на втората мерка – директна помош за спортските клубови кои имаат регистрирано над 50 млади во екипните и над 15 млади во индивидуалните спортови.
Каевски кој денска беше на увид во изградбата на затворениот базен и на новото кошаркарско игралиште во зоната Суитлак, соопшти дека втората мерка исто така до крајот на месецот ќе биде исплатена за месеците април мај.
– Подоцна ќе почнеме и со реализација на останатите мерки кои ги најавивме се во насока да го подигнеме спортот и да го вратиме спортот на една здрава основа и да продолжи онаму каде што застана, дури и со позасилено темпо и, секако, со подобри услови, изјави Каевски.
Во моментов се прави евалуација на клубовите што доставиле документи кои ги исполнуваат условите. Каевски забележа дека откако ќе се утврди кои клубови ги исполнуваат условите за државна помош ќе имаат податоци и колку пари ќе бидат исплатени. вдј/хс/