Утрински Весник
Политички Партии

ДУИ: Обезбедивме над 500 милиони евра за подршка на економијата

ДУИ: Обезбедивме над 500 милиони евра за подршка на економијата

 

Скопје, 16 мај 2020

На денешната прес-конференција што се одржа во седиштето на
Демократската унија за интеграција, заменик министерот за финансии др.
Ширет Елези ги претстави мерките одобрени од Владата на Република
Северна Македонија за да им се помогне на секторите кои се најпогодени
од пандемијата „Ковид 19“ и помошта што централната власт им дава на
граѓаните и на сите оние кои се погодени од оваа здравствена криза.

„Обезбедивме финансиски средства за над 200 илјади вработени, 30 илјади
микро, мали и средни компании, вклучувајќи индивидуални занаетчии. Помош
од 7 илјади денари од 15 до 20 000 невработени, 120 илјади граѓани со
ниски приходи, 100 илјади студенти и ученици, 50 илјади земјоделци,
медицински персонал во заразни одделенија за над 3100, како и за
спортистите и уметниците и за над 320 илјади пензионери“, рече заменик
министерот Елези на прес-конференцијата.

Според неа, целта на овие мерки е да се закрепнува локалната економија и
да се заштедат работните места.

„Целта на мерките е закрепнување на локалната економија по
здравствено-економската криза, одржување ликвидност на локалните
компании, одржување работни места, обезбедување социјална заштита како
помош на невработените граѓани и социјални случаи, поддршка за секторите
кои се најпогодени од кризата на вирусот „Ковид 19“ како што се
туризмот, угостителството, транспортот, индивидуалните занаетчии,
спортистите и уметниците, вработените во микро, мали и средни
претпријатија, студентите, стимулации за вработените во здравството,
стабилни плати за државната администрација и пензиите“, рече меѓу
другото заменик министерот Елези.

Во однос на трошоците, постојат додатоци за соодветните програми Ковид
19:
– 8,9 милијарди денари од Владината програма КОВИД за спроведување на
насочени мерки за стимулирање на приватната потрошувачка на граѓани со
фокус на економијата на земјата и поддршка на приватниот сектор и
работниците,
– 755 милиони денари за програмата КОВИД во Министерството за економија
за мерки за поддршка на приватната потрошувачка на граѓаните и поддршка
на локалниот туристички сектор,
– 1.780 милијарди денари за социјална заштита во однос на ефектите од
Ковид-19,
– 350 милиони денари за Фондот за здравство во рамките на антикризни
мерки за зголемени потреби како резултат на Ковид 19,
– финансирање на здравствено осигурување за ранливите групи,
– 120 милиони денари за Министерството за здравство да ги зајакне
здравствените установи за откривање на болести со обезбедување техничка
опрема, лабораториска опрема и системи за откривање на случаи во
согласност со упатствата на СЗО и операционализација на дополнителни
легла,
– 455 милиони денари во Министерството за образование на програмата
„Ковид 19“ за поддршка на млади и студенти со фокус на ИТ и дигитални
вештини,
– 165 милиони денари за исплата на средства за невработените во
Агенцијата за вработување,
– 60 милиони денари за национално кофинансирање за нова кредитна линија
за фазата на закрепнување и рестартирање на локалната економија, што ќе
се спроведува преку Банкатата за развој.

Според неа, прифатливи заеми ќе бидат обезбедени преку комерцијални
банки на претпријатија додека државата ќе ја субвенционира каматната
стапка од 0% како забрзувач на процесите во периодот на закрепнување на
локалната економија.

„Банката за развој преку комерцијалните банки ќе обезбеди бесплатни
заеми на претпријатијата. Државата ќе ја субвенционира каматната стапка
за да и овозможи на Банката за развој да обезбеди заеми од 0% за
комерцијалните банки и со тоа на позајмувачите ќе им бидат понудени
поволни кредити со камата од околу 1.5%. Мерките и активностите што ќе
се преземат ќе бидат катализатор, забрзувач на процесите во периодот на
закрепнување на локалната економија“, потенцира за крај во
прес-конференцијата заменик министерот за финансии Др. Ширет Елези.

Демократска Унија за Интеграција

  __________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт