Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Избори во првиот можен термин, ВМРО-ДПМНЕ вештачки се обидува да создаде криза

СДСМ: Техничкиот министер Чулев за себепромоција и лажен успех загрози меѓународна операција, а од друга страна граѓаните се уште се без патни исправи

 

16 мај 2020

Избори во првиот можен термин сега кога епидемијата е ставена под контрола, ВМРО-ДПМНЕ вештачки се обидува да создаде криза

СДСМ како одговорна партија во овој важен период има три приоритети -заштита на здравјето на граѓаните, брза трансформација на економијата и функционални институции, како гарант за силна демократија.

Токму затоа предвремените парламентарни избори, кои веќе се распишани и еднаш одложени, треба да се одржат во првиот можен термин, а предизборната кампања и гласањето да бидат усогласени со заштитните протоколи, бидејќи сите параметри и официјални податоци покажуваат дека епидемијата е ставена под контрола.

Последната одлука на Уставниот суд, ја потврдува уставноста на владината уредба да се запрат предизборните активности зa распишаните избори поради коронавирусот. Тоа значи дека роковите за изборниот процес продолжуваат по завршување на вонредната состојба.

ДИК  по завршувањето на вонредната состојба, треба да ги заврши обврските и во рок од 22 дена да се одржат изборите.

СДСМ нема да дозволи пропаднатиот спортист и политичар Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, да ги попречат демократските процеси и вештачки да создадат криза.

Пропаднатиот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат функционално Собрание, не сакаат  институции со полн легитимитет. Тие се против заживување на економијата, против здравјето на граѓаните да биде обезбедено и не сакаат државата да оди напред.

Нивното деструктивно и неодговорно оденсување може да им гарантира само изборен пораз.

Избори мора да има заради здравјето на граѓаните, заради новата економија, заради институциите кои треба да им служат на граѓаните во оваа држава.

Центар за комуникации

                     Социјалдемократски сојуз на Македонија

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт