Утрински Весник
Спорт

Виљареал и Хетафе ги негираа обвинувањата за местење натпревари

Ла Лига ја претстави топката за новата сезона

Мадрид, 16 мај 2020 (МИА) – Раководствата на шпанските клубови Хетафе и Виљареал го негираа учеството во наместен натпревар во Ла Лига, откако локалните медиуми објавија дека полицијата го испитува ремито 2: 2 помеѓу двата тима од шпанскиот шампионат во мај минатата година.

– Виљареал и играчите од првиот тим силно сакаат да ги отфрлат обвиненијата и категорично негираат дека учествувале во местење на натпреварот против Хетафе во последното коло од минатата сезона. Клубот, како и секогаш, ги осудува сите дејствија. потенцира дека нејзината филозофија се заснова на вредности како што се транспарентност, етика, интегритет и фер игра, велат од Виљареал во официјалното соопштение.

Раководството на Хетафе исто така издаде изјава за случајот, во која се вели дека клубот „категорично негира каква било вмешаност во случајот и дека не прифаќаат такво однесување“.

„Ел Паис“ објави дека средбата меѓу двете екипи била истражена како дел од операцијата „Оикос“, која започна минатата година и доведе до апсење на 11 лица осомничени за организирање криминална група за местење на натпреварите и незаконско профитирање од обложување.

Петмина поранешни директори на Осасуна и двајца поранешни играчи на Бетис добија ефективни казни минатиот месец за докази за местење натпревари во 2013 и 2014 година.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот