Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Крос: Планирам да поминам уште три години во Реал

Крос: Планирам да поминам уште три години во Реал
300x250 opst2

Мадрид, 15 мај 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред Реал, Тони Крос ги сподели плановите за иднината.

– Јас дефинитивно планирам да ги поминам следните три години во Реал Мадрид затоа што имам договор со клубот. Дали сакам да играм во Премиер лигата? Кога ќе заврши договорот со мојот сегашен клуб ќе имам 33 години. Ова е сериозна возраст да се запрашам како се чувствувам физички, има, ли некоја мотивација, дали сакам да продолжам? Ако сè се вклопува, можеби ќе пробам уште една година да играм. Не исклучувам дека тоа би можело да ми се случи, но тешко ми е да замислам дека ќе се согласам да се преселам во Англија на 33-годишна возраст. Тоа ќе бара многу физички напори, изјави Крос.

Германецот има пет голови и девет асистенции на 33 натпревари за Реал Мадрид во сезоната 2019/20. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона