Утрински Весник
Македонија

Повторно гори регионалната депонија Русино 

Гори депонијата Мелци во Кавадарци

Гостивар, 15 мај 2020 (МИА) – Пожар избувнал околу пладне на регионалната депонија Русино. Силниот ветер го разгорил огнот и зафатени се отпадоци и други лесно запалливи материјали. Од местото веќе се шири чад, дел од граѓаните реагираат, бидејќи чувствува миризба во градот и околните населби.

Од противпожарната единица во Гостивар информираа дека на теренот од пред два часа се излезени пожарникари со две возила кои веднаш по пријавата за појава на оган на отворен простор и се обидуваат да го стават под контрола.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари ја потврди информацијата и посочи дека засега огнот е под контрола, а екипи со градежна механизација и пожарникари се обидуваат да го изгаснат целосно.

Ветерот кој од претпладнево дува во гостиварско со променливи брзини, освен чад разнесува и прашина, па на мерните станици за квалитет на воздухот регистрираа е зголемена загаденост. Во 13 часот, параметрите покажуваат дека нивото на има ПМ 10 честички во воздухот достигна 392 мг/м3, што е за осум пати поголема вредност од дозволениот максимум.

Последниот голем пожар на депонијата Русино, лани во август, предизвика револт кај гостиварци. За да се спречи неговото ширење и поголеми последици во гаснењето беа ангажирани и пожарникари од соседните општини и државни институции. згм/сп/

Фото: МИА Архива

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одрон на патот Скопје – Велес, сообраќајот се одвива по една лента

ОЈО ГОКК: Две лица во 48-часовен притвор за случајот со марихуаната во Србија

Жерновски до Митева: Владата никако да каже дали парите за авион ќе ги пренасочи за минималната плата