Утрински Весник
Македонија

Општина Бутел донира компјутери и таблети за ученици од социјално ранливи семејства

Општина Бутел донира компјутери и таблети за ученици од социјално ранливи семејства

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски денеска подели вкупно 55 компјутери и таблети во сите основни училишта за учениците од социјално ранливи семејства.

Како што соопштија денеска општинските власти, 22 таблети од донираните апарати се лична донација на градоначалникот Смилевски, а останатите апарати се во рамките на акцијата „Донирај го својот стар компјутер“. Во денешната акција поделени беа и пакети со храна за истите овие дечиња и нивните семејства.

Општина Бутел соопшти дека ќе продолжи и во наредните денови со распределбата на донираните персонални компјутери преку училиштата кои ги има на својата територија, а ќе бидат наменети за децата од семејствата со загрозен социјален статус и семејства од руралните средини. бт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Платите на лекарите мора да растат

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева