Утрински Весник
Политички Партии

ДУИ: Масовно тестирање на населението за брзо враќање во нормален живот

Демант од ДУИ

 

Скопје, 15 мај 2020

Дисциплината, одговорноста и истрајноста се причините на нашиот успех во борбата против академијата од вирусот Ковид-19. Оценувањето на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ние сме во воена ситуација со невидлив непријател кој го ризикува животот на секој граѓанин, и додека сме во војна главниот збор го имаат експертите од здравството, уште еднаш докажува дека ова војна треба да се победи до крај.

Иако досегашното соочување со создадената криза од пандемијата се оценува како успешно, не е време за еуфорија, не е време за брзање. Кризата и опасноста сè уште не се завршени.

СОВИД-19 е сè уште тука. Затоа, треба да бидеме внимателни и одговорни – почитувајќи ги достојно препораките од експертите за соочување со епидемијата. Мерките за социјална дистанца на оправдано растојание остануваат и ние треба да ора да ги следиме и треба да се направат нови мерки, но тие, ако сме одговорни,ќе бидат олеснителни, и веќе ќе се вратиме во нашата социјална рутина чекор по чекор.

Но, за ова да се реализира, неопходно е да се имплементира тоа што останува главна алатка во моментов за спречување на епидемијата, а тоа е стручното и стратегиско мониторирање  на ситуацијата, или попрецизно, масовното тестирање на населението.

Ова не е само наше оценување, туку врз база на меѓународните препораки, зголемувањето на бројот на тестирањата е најефикасниот начин за изолација на пациентите и за спречување на ново проширување.

Иако нашата земја е на ниво на другите земји во регионот и пошироко според бројот на тестирање на населението, ова е потребно и ќе се зголеми бројот на тестирањата.
Треба да водиме во регионот и да бидеме, најмалку во ниво на европските развиени земји. Како идна членка на на Еу, ние веќе треба да постапиме како земја на ЕУ. Ние треба да го зголемиме бројот на тестирање  да направиме најмалку 500 тестови на ден, а потоа многу брзо да се достигне бројката од 750 тестови на ден за краток период.
Затоа  имаме потреба од сериозна стратегија за тестирање, по успешните модели од европските земји. Тоа значи, дека не треба да ги тестираме само граѓаните со симптоми и лицата кои биле во контакт со заразените лица за да ги изолираме навреме и така да ги заштитиме останатите, но овој круг на тестирањата треба да се зголеми секојдневно.

Зголемување на тестовите базирајќи се сериозна стратегија – е клучно во борбата против вирусот во нашата земја, но и за укинувањето на ограничувањата и враќањето во нормалност што е можно поскоро.
Професионалното следење треба да се комбинира со хигиенски мерки и само-одговорност за да се спречи ново проширување по укинувањето на ограничувањата. Тоа е единствениот начин да ги заштитиме нашите граѓани и економијата.

Никој не би имал корист од укинување на ограничувањата, доколку дојде до друго избувнување и ќе мораме повторно да затвориме сè.
Затоа, масовното тестирање е единствениот начин за скоро враќање во секојдневната животна рутина. Значи тестирањето е единствениот начин за  што е можно поскоро, да се вратиме во нашата рутина,  во нашиот живот, така како што го знаеме.

Демократската Унија за Интеграција

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт