Утрински Весник
Македонија

Со ребалансот нема кратење на парите за финансирање на политичките партии

Со ребалансот нема кратење на парите за финансирање на политичките партии

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Со ребалансот на Буџетот нема никакви дополнителни промени на ставката за финансирање на политичките партии, посочи денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

-Со одлуката за прераспределба помеѓу буџетските корисници и фондовите која беше усвоена пред еден месец имаше кратење на ставката за финансирање на политичките партии и таа ставка сега со ребалансот  на Буџетот нема претрпено никаква промена. Во моментов на таа ставка во таа програма има околу 106 милиони денари во рамки на Министерството за правда, рече Ангеловска во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата. вј/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсен тетовец, ги нападнал неговите сопруга и ќерки

Кривична за полицаец од Битола, не дозволил да му биде наплатен паркинг на неговиот брат

Филипчебара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски