Утрински Весник
Македонија

Продолжува асфалтирањето на патишта во руралните средини во М.Каменица

Продолжува асфалтирањето на патишта во руралните средини во М.Каменица

Македонска Каменица, 15 мај 2020 (МИА) – По асфалтирањето на повеќе локални патишта во селата Луковица, Тодоровци, Дулица, Моштица, Цера и паркинг просторите во урбаната средина, денеска во Македонска Каменица продолжија градежните активности во останатите рурални средини.
Градоначалничката Соња Стаменкова, која изврши увид во градежните работи, информира дека во тек е асфалтирањето на платото пред подрачното училиште „Св. Кирил и Методиј” во селото Саса.
-Со градежните активности е опфатено и асфалтирање на пристапните патишта до училиштето и до дел од околните индивидуални живеалишта. Со целосната реализација на проектот е предвидено асфалтирање на кратки локални пристапни патишта со должина од 2.730 метри во повеќето селски средини во општина Македонска Каменица, рече Стаменкова.
Средствата за реализација на проектот, како што додаде, целосно се обезбедени од буџетот на општина Македонска Каменица.
-Претходно, со средства обезбедени од буџетот на општината, заврши асфалтирањето на локалниот пристапен пат со должина од 400 метри во село Моштица, додаде Стаменкова.
Решавањето на инфраструктурните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, како што додадоа од општината, продолжуваат и во наредниот период.вс/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност 

Кузмановска: Ракот не погодува само еден – туку целото семејство

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола