Утрински Весник
Економија

Намален откупот и продажбата на земјоделски производи

Научници открија која храна е опасна за мозокот

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Во првото тримесечје од 2020 година во земјава се откупени и продадени земјоделски производи во вкупна вредност од  4,29 милијарди денари што е за 2,9 отсто помалку во споредба со истиот период лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 5,1 отсто, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство има зголемување за 3,1 отсто.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај овошјето и млечните производи, а намалување има кај житата, индустриските растенија, градинарските растенија, фуражните растенија, грозјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата, млекото и рибата. вј/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Животниот стандард на граѓаните е урнат – 50% од вработените имаат плати до 36.000 денари

Бугарија влегува во трката за бакар, Македонија сè уште не го активира потенцијалот на Иловица

Азески во Брисел на дебата на највисоко ниво за проширување на ЕУ