Утрински Весник
Економија

ОКТА: Ефектот од падот на меѓународните цени на горивото резултираше со негативно ниво на профит

ОКТА со раст на приходите од продажба во третиот квартал

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – ОКТА ја започна 2020 година со одлични достигнувања на продажните количини на двата пазари на кои делува, но претрпе неповолни ефекти од падот на меѓународните цени на горивото поради пандемијата на КОВИД – 19, посочуваат од компанијата во извештајот за финансиските резултати за првиот квартал од 2020 година.

И покрај високите продажни количини, велат од ОКТА, ефектот од падот на меѓународните цени на горивото резултираше со негативно ниво на профит.

-Приходите од продажба достигнаа 4,932 милиони денари, споредено со 5,613 милиони денари истиот период минатата година. Бруто маржата, следејќи го истиот тренд, достигна негативно ниво од 133 милиони денари, што е значително пониско споредено со 232 милиони денари во истиот период минатата година, главно поради споменатиот негативен ефект од падот на меѓународните цени на горивото. Ова доведе до исправка на вредноста на залихите во износ од 171,3 милиони денари, како и негативен ефект на залихите во износ од 166 милиони денари, истакнуваат од ОКТА.

Добивката пред оданочување во првиот квартал од 2020 година, додаваат, достигна негатива од 323 милион денари, споредено со добивката пред оданочување од 29 милиони денари забележана истиот период минатата година. вј/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија