Со поддршка на Стартап Македонија и Швајцарската програма за поддршка на претприемништвото (SwissEP), идните лидери од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија и Словенија ќе имаат можност да учат од локални и меѓународни експерти.
-Ги креиравме модулите да покријат теоретско и практично искуство во стартап и иновацискиот екосистем, правни аспекти, наоѓање клиенти, бизнис модел канвас, формирање тим, раскажување приказна и презентирање, дигитален маркетинг, подготвеност за добивање инвестиции, пристап до странски пазари. Но, најважно е што тие ќе можат да учат и да соработуваат со истомисленици од нашиот регион, додава Николиќ.
Улогата на CEED Hub Skopje е да ги поддржи жените кои стануваат претприемачи првпат и да обезбеди техничка, правна, маркетинг, менторска и други видови помош во насока на основање сопствен бизнис.
-Со нашиот ЦЕЕД клуб на жени претприемачи и менаџери и онлајн порталот Women in Adria, активно работиме на засилување на способностите, особено, на жените во нашето општество во насока да бидат храбри, одважни, сигурни во себе и да бидат бестрашни во светот на бизнисот каде доминираат мажи. Сметаме дека овој семинар е одлична можност за оние кои ја следат нашата работа да добијат конкретни совети како да развијат сопствен бизнис, да го разработат, особено со оглед на фактот дека ваков вид активности се комплементарни со она што го работиме. Искрено веруваме дека заедно сме посилни, и веќе планираме да ги развиеме и прошириме нашите активности, посочи Елена Хаџи Пецова, програмски менаџер во ЦЕЕД Хаб Скопје. вг/скс/