Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – На 14.05.2020 во 14.30 часот на ул.„Ј.Златаноски“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.И.(61) од село Орашје, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронашле и одзеле таблети и прашкаста материја.

МВР денеска соопшти дека за настанот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.05.2020 во 15.35 часот, од полициски службеници од СВР Скопје, во Градскиот парк, бил лишен од слобода Н.С.(21) од Куманово, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени марихуана, ризли и метална дробилка. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 17.25 часот, во Градскиот парк, го лишиле од слобода Б.Џ.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, семки од канабис и метална дробилка. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.05.2020 во 15.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Кузман Јосифоски Питу“, при преглед кај 17 – годишник од Скопје, пронашле нож. Направен е записник за сторен прекршок од Законот за оружје.

Синоќа во 19.10 часот, за време на ограничено движење, полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Герника“, го лишиле од слобода Д.Д.(35) од Скопје, кој бил со патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, поради тоа што не застанал на даден знак од полициските службеници, а потоа и агресивно се однесувал кон нив. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.05.2020 во 13.15 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Марко Крале“ и ул.„Хо Ши Мин“ во Скопје, мопед „априлија рели“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.Б.(37) од Скопје, удрил во тригодишно девојче кое возело тротинет. По незгодата, детето било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 14.05.2020, од полициски службеници од СВР Скопје во Полициската станица Центар, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 став 3 в.в. став 1 од Кривичниот законик, бил приведен Џ.С.(37) од Р.Турција.

На 14.05.2020 во 18.45 часот било пријавено дека во с.Батинци, скопско, патничко возило „опел вектра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(32) од Скопје, удрило во седумгодишен пешак од Скопје и го напуштило местото на незгодата. Пешакот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 14.05.2020 во 16.30 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Боро Хаџиески“ и ул.„Славеј Планина“ во Струга се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.И.(26) од с.Велешта, струшко, и мопед, со велешки регистарски ознаки, управуван од М.А.(58) од Струга. По незгодата возачот на мопедот бил пренесен во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Струга.

На 14.05.2020 во 16.30 часот било пријавено дека во с.Житоше, мопед „хамачи“, без регистарски ознаки, управуван од 17 – годишник, удрил во деветгодишен пешак. Пешакот бил пренесен во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 14.05.2020 во 11.00 часот во Полициската станица Центар, К.К.(30) од Скопје пријавила дека на крстосницата од ул.„Пролет“ и бул.„Кочо Рацин“ била касната од куче скитник во пределот на десната нога.

Во текот на 14.05.2020 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје 14 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. цр/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски” е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!