Утрински Весник
Македонија

Филипче: ИЈЗ спроведува прашалник: Увид во однесувањето за КОВИД-19

Филипче: При секое излегување надвор строго да се придржуваме до мерките за лична заштита

 

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Институтот за јавно здравје спроведува Анкетен прашалник: Увид во однесувањето за КОВИД-19, со цел да се подобрат дејствијата преземени како одговор на пандемијата на коронавирусот, напиша денеска на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Одговорите, посочува министерот, ќе се користат исклучиво за научни цели, за да се подобри реакцијата, односно одговорот на појавата на овој вирус.

Податоците ќе бидат зачувани во Институтот и може да се користат за истражувања и теоретски предавања во иднина. Ова е некомерцијална студија и финансирана е од Светската здравствена организација, потенцира Филипче и го објави линкот до прашалникот:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdee7yN3qmmTNMSH0zHlO2F5ks-_UE46QUrukSHdtqxSCF8rA/viewform?fbclid=IwAR1X43vLWGMihtqwxTdmuCKswrCtgSLDeZAZfn_Xut-Pnl_lFGCbB-KMTvk 

рп/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерство за правда: Протестот на студентите е обид за политичка манипулација и етничка реторика

Мицкоски: Целосно се реконструирани 6 операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза”

 Син со над 2 промили алкохол со денови ги малтретирал родителите