Утрински Весник
Економија

Ангеловска: Исплатени 14,3 милиони евра преку мерката „14.500 денари по вработен“

Ангеловска: Исплатени 14,3 милиони евра преку мерката „14.500 денари по вработен“

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Преку мерката 14.500 денари по вработен исплатени се над 14,3 милиони евра на 10.103 фирми, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил.

-Управата за јавни приходи ги доставува барањата до Генералниот секретаријат, кој префрла средства до компаниите. Забрзано се работи кон сервисирање на сите одобрени апликации. Преку оваа мерка ќе се зачуваат работните места во фирмите погодени од Ковид-19 кризата, а воедно ликвидносно ќе се помогне и стопанството, наведува Ангеловска. скс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Долгот ќе стигне до 12 милијарди евра, државата нема да може ниту камати да плаќа

СДСМ: Следува нов ценовен удар – Мицкоски одбива повисоки плати,  граѓаните тонат во сиромаштија

ЛДП: Владата се фали со економски успеси, а народот едвај преживува!