Утрински Весник
Македонија

Музичкото училиште „Тодор Скаловски“ од Тетово започна со онлајн уписи

Музичкото училиште „Тодор Скаловски“ од Тетово започна со онлајн уписи

Тетово, 15 мај 2020 (МИА) – Државното музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ од Тетово преку својата интернет страница ќе прави упис на нови ученици за наредна учебна година согласно препораките за превенција од ширење на коронавирусот. Процесот на административно запишување започнува од денеска и ќе трае еден месец до 15 јуни, додека за аудициите дополнително ќе има одлука.

-Родителите на учениците кои сакаат ги запишат децата да започнат основно музичко образование во одделенијата I-3 (тригодишно), I-6, I-9  тоа ќе може да го направат исклучиво онлајн со пополнување пријава. Согласно како ќе бидат препораките ќе ги известуват од педагошката служба како ќе тече текот на аудицијата за прием, истакна Новица Соколовски, в.д директор на училиштето.

Во деветгодишно основно музичко образование може да се запишат учениците кои почнуваат и прво одделение во редовна настава, како и да изберат од инструментите: пијано, виолина и виолончело. Во шестгодишно основно музичко образование, учениците може да избираат  од  инструментите: гитара, кларинет, флејта, труба, хармоника и ударни инструменти, со завршенбо трето одделение.  Во тригодишно основно музичко образование, или завршено шесто одделение, може да избираат  од соло пеење или контрабас.

За средношколците согласно постапките за сите останати средни училишта ќе има три уписни рокови во јуни.

-Првиот е на 16 и 17 јуни, вториот на 24 и 25 и последниот на 29 јуни. Има слободни места 17 на македонски јазик и 17 на албански. Исто толку има и во подрачното училиште во Струга, истакна Соколовски. ас/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Платите на лекарите мора да растат

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева