Скопје, 15 мај 2020
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во ниту еден клучен момент за државата не покажаа одговорност и професионалност, туку напротив со сите сили се трудеа да ги саботираат успесите на државата, како што сега пробуваат да попречат демократски процес.
Пропаднатиот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат функционално Собрание, не сакаат избори и институции со полн легитимитет. Тие се против заживување на економијата, против здравјето на граѓаните да биде обезбедено и не сакаат државата да оди напред.
ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски забораваат дека на граѓаните им е свежо сеќавањето за нивното крајно неодговорно и деструктивно однесување за време на коронакризата, коешто им создаде паника и страв.
Без воопшто да се грижи за здравјето на граѓаните, на почетокот Мицкоски се потсмеваше и ја потценуваше здравствената закана од коронавирусот, со изјави дека СДСМ посакувала да се случи пандемијата.
Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ширеа лаги и манипулации само за да внесат недоверба кај граѓаните во институциите кои се уште вложуваат натчовечки напори да го зачуваат здравјето на граѓаните, да ја спасат економијата и да ги поддржат сите граѓаните и компании кои се погодени од коронакризата.
Сите лаги на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се срушени.
Штетните и опасни идеи на неподготвен и неспособен политичар како Мицкоски, државата да тоне и да ја попречува новата нормалност, нема да успеат.
Осамени се во нивната деструктивност и ништо не може да ги спаси од пораз на изборите во јуни или на „дата икс“.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.