Утрински Весник
Македонија

Временска банка – дигитална платформа за поврзување на заедницата

Временска банка – дигитална платформа за поврзување на заедницата

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Здружението на граѓани „Младите можат“ денеска официјално ќе ја пушти во употреба дигиталната платформа Временска банка која им помага на членовите на заедницата меѓусебно да ги споделуваат работите што уживаат да ги прават, притоа како ресурс користејќи го времето наместо пари.

Проектот е поддржан од Фондот за иновација и техонолошки развој (ФИТР) како дел од КРЕАТОНОТ наменет за идеи чија цел е да ги олеснат условите за време на пандемијата настаната од КОВИД-19.

Здружението „Младите можат“, кое ја изработи платформата Временска банка, наведува дека таа е  одлична алатка за поврзување на заедницата и дека се работи за едноставен концепт.

-Трошите еден час време за да му помогнете или да споделите знаење со некој друг преку вештините што вие ги поседувате, а за возврат заработувате кредит од еден час кој оди во вашата временска банка. Сега вие можете да го потрошите заработениот кредит од еден час за услуга што вам ќе ви е потребна и можете да ја добиете од еден час од нечие време. Секој час се цени исто, без оглед на извршената услуга. Секој вид услуга може да се разменува за друга. На овој начин можеш да ги запознаеш твоите соседи подобро, да помогнеш на луѓе без разлика на нивната возраст или економски статус…, соопшти Здружението „Младите можат“. хс/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини