Утрински Весник
Македонија

Онлајн-предавање по повод Денот на ромскиот отпор во Аушвиц

Онлајн-предавање по повод Денот на ромскиот отпор во Аушвиц

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Во пресрет на Денот на ромскиот отпор во Аушвиц – 16 Мај, Ромската асоцијација за жени и млади „Лулуди“ денеска од 16 часот ќе организира онлајн-предавање на тема „16 Мај – жените и нивната улога во нацистичките кампови“.

Предавањето ќе го одржи Роберт Рустем, активист за човекови права. Ќе може да се следи на платформата Зум, со претходна онлајн-регистрација.
Оваа година се навршуваат 76 години откако шест илјади Роми и Синти од т.н. Цигански фамилијарен камп во Аушвиц-Биркенау решиле колективно да се спротивстават на обидот за одземање на нивните животи, а 16 мај 1944 година се одбележува како ден на ромскиот отпор во Аушвиц.
-Темата на ова онлајн-предавање е со цел пошироката јавност да се запознае со трагедијата на илјадници Роми, Ромки и деца, да се потсетиме за денот на отпорот и за важноста на ромскиот отпор против нацистичките агресори, а воедно ќе се даде и краток осврт за жените Ромки кои беа затворенички во нацистичките логори, соопшти Ромската асоцијација за жени и млади „Лулуди“. хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Свечен настан за 30 години дипломатски односи и цврсто македонско-јапонско пријателство

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години