Утрински Весник
Македонија

Поранешниот пратеник Весел Мемеди ќе сведочи за „27 април”

Поранешниот пратеник Весел Мемеди ќе сведочи за „27 април”

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Претседателот на НДП, Весел Мемеди и Стефан Младеновски (амнестиран учесник од упадот во Собранието) се следите сведоци кои е предвидено денеска да сведочат во Кривичниот суд – Скопје, за кривичниот предмет за организаторите на „27 април’’.

Овие сведоци претходно сведочеа и во друг предмет за настаните за 27 април во Собранието, каде обвинети беа поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков и триесет други лица.

Досега во случајот за организартoрите за „27 април”, каде се обвинети пораншениот претседател на Собранието, Трајко Велјановски, пораншените министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиевси и екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски, сведочеа неколку лица, меѓу кои и техничкиот премиер Оливер Спасовски. оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Премиерот Мицкоски и Љутков на Промоција на целосната санација на Музеј на вода, Наколна населба во Заливот на Коските

Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период, откри Тошковски

НОВ ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Во Македонија температурите во пораст!