Милано, 14 мај 2020 (МИА) – Никогаш не е скромен, па ни во објавите на социјалните мрежи. Златан Ибрахимовиќ се врати во Милан од Шведска и во моментов е во задолжителен 14-дневен карантин.
Тој постави фотографија од балкон и испрати порака.
„Бог се врати и ве надгледува“, напиша тој.
Патем, иако имаше тотална пауза поврзана со коронавирусот и немаше тренинг во Италија, Ибрахимовиќ тренираше со Хамарби во Шведска.
View this post on InstagramGod iZ back and watches over you