Утрински Весник
Македонија

Манчевски: Одговорно е да имаме избори во првиот можен рок согласно здравствените препораки

Манчевски: Одговорно е да имаме избори во првиот можен рок согласно здравствените препораки

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Одговорно е да имаме избори во првиот возможен рок, во моментот кога здравствените власти тоа ќе го препорачаат. Декември е крајниот термин кога според уставните рокови ќе мора да одржиме избори, изјави вечерва потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски во гостувањето на емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5.

Тој истакна дека смета оти е клучно да се почитува мислењето на здравствените власти од каде сметаат дека во јуни, поради досегашните рестрикции, не очекува период на стивнување на епидемијата од корона вирусот и затоа е неопходно изборите да ги организираме во тој период.

– ВМРО-ДПМНЕ се контрадикторни и неодговорни. Ние сметавме дека Собранието може да заседава, тие беа против тоа. Во услови ако имавме активно Собрание, ќе бевме покомотни и ќе можевме да разговараме за избори во друг термин. Доколку во одредена ситуација нема потреба од вонредна состојба, а од друга страна немаме избори во првиот можен рок, како ќе функционира државата. Ние ќе треба вештачки да ја продолжуваме вонредната состојба за да имаме функционален систем, што не е добро. Влегуваме во опасно сценарио без парламентарна контрола, нагласи Манчевски и потсети дека и други земји како Франција, Србија и Хрватска брзаат да го искористат овој период за избори, во случај да има втор бран од вирусот.

Ние сме одговорна власт, ако ова трае предолго, ако немаме ние никаков механизам за контрола, посочи Манчевски, тоа е навистина опасно и за демократијата не е добро, од аспект на бизнисот.

– Бизнисот бара стабилност. Значи вие за да му гарантирате на бизнисот стабилност вие треба да имате стабилен систем на државата. Бизнисот ќе сака предвидливост, бизнисот сака да знае што е тоа што следува во следниот период, бизнисот сака да ги знае економските мерки и програми на политичките партии, рече Манчевски.

Тој потенцира дека ја следат здравствената криза, дел од нив се вклучени во дневниот менаџмент. Ова, посочи, е времето што треба да го искористиме, а да излеземе на безбедни избори.

– Јас треба да излезам на тие избори и ги сакам моите блиски луѓе, никого нема да доведам под знак прашалник и нивното здравје ако тоа не сметам пред се самиот за себе дека тоа е навистина во ред. Здравствените работници ни викаат сега имаме услови, имаме шанска да организираме безбеден изборен процес, истакна Манчевски.

Во однос на изборната кампања Манчевски е дециден дека веќе не можеме да очекуваме класична кампања, СДСМ нема да планира митинзи и целата кампања ќе ја прилагоди, ќе ја насочи на онлајн активности, преку социјалните мрежи и без масовни собири.

Во врска со најавениот нов, трет пакет економски мерки вреден над 500 милиони евра, тој рече дека во досегашниот тек од економската криза имаат три пакети со мерки кои ги помагаат граѓаните и стопанството.

– Станува збор за сериозна поддршка, 550 милиони евра инвестираме кон граѓаните и кон економијата со цел полесно да закрепнеме. Дел од мерките ќе бидат пред избори, дел после, но кога и да се изборите мора да се најдат пари за поддршка на фирмите и на граѓаните. Тука мислиме и на зголемувањето на платите и нови врботувања, нагласи потпретседателот на СДСМ, истакна Манчевски.

Тој додаде дека државата функционира и паралелно се справува и со пандемијата, но и со економските ризици. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија