Утрински Весник
Македонија

Предлог за притвор за жител на Арачиново, не законски држел оружје

Предлог за притвор за жител на Арачиново, не законски држел оружје

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, соопштија од скопското Обвинителство.

– Осомничениот 21-годишник, во својот дом во Арачиново, неовластено држел оружје и муниција – еден пиштол марка GLOK 19 со калибар 9 милиметри Para, со 3 рамки со 63 куршуми, како и една автоматска пушка Mpi-KM со калибар 7,62Х39 со една рамка со 29 куршуми од тој калибар, инфомираат од Обвинителство.

Од Обвинителство додаваат дека лицето го поседувало пиштолот без дозвола, додека автоматската пушка е оружје кое со закон им е забрането на граѓаните. Оружјето и муницијата биле пронајдени при претрес во домот на осомничениот во текот на денешниот ден.

Со оглед на тоа што во предметот постојат околности кои укажуваат на тоа дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. оџ​/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВЛЕН: Али Ахмети ги дели Албанците за да се спаси себе и неговиот фамилијарен капитал: Арбен Таравари е последната жртва

Мицкоски живее надвор од реалноста, економијата тоне, граѓаните едвај врзуваат крај со крај

Со Државниот рецитаторски натпревар почнува второто издание на Деновите на поезијата