Утрински Весник
Спорт

Зидан има замена за Јовиќ

Реал го нуди Асенсио во замена за Мане

Мадрид, 14 мај 2020 (МИА) – Иако Лука Јовиќ е повреден и ќе отсуствува околу два месеци, тренерот на Реал Мадрид има подготвена замена, кој ќе биде резервна опција за напаѓач во отсуство на стрелецот на тимот, Карим Бензема, пишува „АС“.

Ова е Марко Асенсио, кој не одигра ниту еден натпревар оваа сезона, поради неговата сериозна повреда минатото лето. Сепак, тој тренира на исто ниво со неговите соиграчи по продолжувањето на тренинзите и ќе му биде на располагање на неговиот тренер за преостанатите натпревари од кампањата.

Офанзивниот играч е многу убедлив под водство на Зидан, потсетува публикацијата. Во 2016/17 година со своите 10 гола тој беше шестиот најдобар стрелец за екипата, иако беше едвај 17-ти по одиграни минути. Следната сезона шпанскиот репрезентативец беше уште подалеку во топ-листата со стрелци на Мадрид – на четвртото место со 11 голови, заостанувајќи само зад тогашното sвездено трио на Реал – Кристијано Роналдо, Герет Бејл и Бензема. Тогаш тој беше 13-ти во тимот по одиграни минути.

Поради оваа статистика Зизу верува дека 24-годишниот фудбалер може да постигне повеќе од 20 голови по сезона, доколку е стартер во својот тим.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство