Утрински Весник
Спорт

Силва пред продолжување на договорот со ПСЖ

Силва: Радосни сме дека Нејмар остана
Dik 300x250 mk

Париз, 14 мај 2020 (МИА) – Одбранбениот фудбалер Тијаго Силва може да го продолжи договорот со Пари Сен-Жермен, објавија француските медиуми.

Триесет и петгодишниот Бразилец е подготвен да потпише договор за период од една година со можност за обновување на уште 12 месеци.

Клубот очекува да се договори со Силва за намалување на платата од 14 милиони евра годишно. Се тврди дека страните се блиски до договор.

Сегашниот договор на играчот со ПСЖ истекува на 30 јуни 2020 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските ракометари поразени од Јапонија

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа